ПочетнаИНТЕРЕСНОТотенхем бара повеќе од 40 милиони фунти за Кејн

Тотенхем бара повеќе од 40 милиони фунти за Кејн

hari kejn 33

Манчестер Јунајтед нуди 40 милиони фунти за англискиот репрезентативец Хари Кејн, пишува весникот „Сан“.

Претставници на „црвените ѓаволи“ веќе се поврзале со раководството на Тотенхем, каде игра 21-годишниот фудбалер.

Двете страни дискутирале за евентуалниот трансфер, но раководството на лондонскиот клуб ќе сака повеќе пари за својот фудбалер.

Кејн има 45 натпревари и 24 гола во дресот на Тотенхем, а притоа одигра голем број импресивни средби во изминатиот шампионат. Тој одигра 2 средби и постигна 1 гол за англиската репрезентација.

Хари Кејн е во Тотенхем од 2009-та година, по што играл како позајмен играч во Лејтон Ориент, Милвол, Норвич и Лестер.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП