18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСемејството на Меси нападнато на финалето на Копа Америка

Семејството на Меси нападнато на финалето на Копа Америка

messi

Членови на семејството на капитенот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел Меси, биле нападнати во текот на првото полувреме од финалниот натпревар на Копа Америка, во кој по подоброто изведување на пеналите победи, првпат во историјата на ова натпреварување, селекцијата на домаќинот Чиле.

Домашните навивачи на „Националниот стадион“ во чилеанската престолнина Сантјаго ги навредувале и им се заканувале на членовите на семејството на Лионел Меси. Еден непознат навивач дури и го удрил 28-годишниот Родриго, братот на еден од најдобрите светски фудбалери. Потоа од безбедносни причини семејството Меси е префрлено во телевизиска кабина на стадионот.

Медиумите јавуваат дека, исто така, во текот на натпреварот било нападнато уште едно семејство на аргентински фудбалер, на Серхио Агуеро.

Инаку, до својата прва титула во Јужна Америка, Чилеанците дојдоа со подоброто изведување на пеналите 4-1, во мечот игран пред 48.665 гледачи.

По 120 минути игра без голови, јужноамериканскиот шампион беше добиен со ударите од „белата точка“, при што за Чиле прецизни беа Матијас Фернандез, Артуро Видал, Чарлес Арангуиз и Алексис Санчез. За Аргентина, пак, единствено прецизен беше во првата серија Меси, а Гонзало Игуаин го префрли голот, додека Клаудио Браво го одбрани ударот на Евери Банега.

Аргентина така и во второто големо финале во две години е поразена. Минатата година на мундијалот во Бразил во мечот за светската титула беше поразена од Германија во продолженијата, а сега од Чиле на пенали во финалето на континенталниот шампионат.

Она што постојано се повторуваше деновиве е токму врзано со Меси, имено дека во кариерата има освоено 24 клупски трофеи, од кои четири во Лигата на шампионите, но во репрезентативниот дрес на Аргентина, освен златниот медал на Олимпијадата во Пекинг во 2008-та, нема освоено титула.

Чиле досега на Копа Америка пет пати беше втори и пет пати трет, и беше досега една од двете селекции кои го немаа освоено континенталниот пехар. Аргентина остана, пак, на 14 титули, една помалку од рекордерот Уругвај. Годинава третото место го освои Перу кој го совлада Парагавај со 2-0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП