4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТохир замина за Лондон да го земе Јоветиќ

Тохир замина за Лондон да го земе Јоветиќ

joveti 3

Претседателот на Интер, Ерик Тохир одлетал за Лондон за да започне преговори за привлекување на напаѓачот на Манчестер Сити, Стеван Јоветиќ.

Според италијанските медиуми, Индонезиецот ќе има средба со претставниците на „граѓаните“, како и со агентот на играчот. Се очекува тој да понуди опција да го земе Црногорецот на позајмица до крајот на сезоната, со опција за откупување на договорот следното лето за сума од 20 милиони евра.

„Тимот ни станува посилен, а целта ни е да продолжиме да го подобруваме“, изјави Тохир.

Од Интер се подготвени да му понудат на Јоветиќ плата во износ од 3,5 милиони евра. Ова сепак е малку повеќе од половина од парите што тој добива во моментот на „Етихад“. Сепак играчот е склон да се согласи и под овие услови, се со цел да добие повеќе време за игра.

Интерес за Јоветиќ има и од страна на италијанскиот шампион Јувентус. „Бјанконерите“ исто упатија понуда за позајмица со опција за откупување во вредност од 18 милиони евра, но нивниот предлог беше одбиен од „граѓаните“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП