17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФенербахче го договори трансферот на Нани

Фенербахче го договори трансферот на Нани

fener nani

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Португалецот Нани, кој минатата сезона ја мина на позајмица во Спортинг од Лисабон, е подготвен да му се придружи на турски Фенербахче.

„Фенербахче ги започна преговорите со Манчестер Јунајтед околу трансферот на Луис Нани“, соопшти турскиот клуб, додавајќи дека Португалецот во недела ќе пристигне во Истанбул за да ги изврши лекарските прегледи.

Нани во 2007-ма година од Спортинг се пресели во Манчестер Јунајтед и со „црвените ѓаволи“ освои четири титули во премиерлигата и една во Лигата на шампионите.

Нани во септември 2013-та година потпиша нов, петгодишен договор со Јунајтед, но не успеа да избори место во стартната постава, а лани со доаѓањето на Луј ван Гал доби дозвола да го напушти клубот.

Според медиумски шпекулации, трансферот на Нани ќе изнесува шест милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП