9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн подготви 50 милиони евра за Ди Марија

Баерн подготви 50 милиони евра за Ди Марија

Di-Maria122

Анхел ди Марија може да стане рекорден трансфер за Германија, така што ќе премине од редовите на Манчестер Јунајтед во Баерн Минхен.

Германските медиуми објавија дека „баварците“ започнале преговори со „црвените ѓаволи“ за купување на Аргентинецот за сума од 50 милиони евра.

Оваа сума веројатно ќе го задоволи раководството на Јунајтед, бидејќи Ди Марија имаше тешка прва сезона на „Олд Трафорд“ и не постои гаранција дека ќе успее да се прилагоди и во втората. Вредноста на трансферот сепак ќе е околу 35 милиони во фунти, што е малку повеќе од половина од онаа која беше платена на Реал Мадрид во минатата година – 59.7 милиони фунти.

Се претпоставува дека оваа цена најверојатно ќе е максималната која од Баерн се подготвени да ја платат. Ако зделката се оствари, Ди Марија може да стане најскапиот играч во историјата на Бундеслигата.

„Првото име значи „ангел“, но цената е „ѓаволска“. Ѓаволски висока! Баерн го сака Ди Марија, но не по секоја цена. Комбинацијата од трансферната цена и плата изгледа премногу висока“, пишува уредникот на „Билд“, Кристијан Фалк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП