18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРамос си заминува од Реал!?

Рамос си заминува од Реал!?

s ramos

Вториот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос е категоричен во својата желба да го смени клубот уште ова лето.

Веста е водечка во денешното издание на најчитаниот весник во Шпанија, „Марка“.

„Нема враќање назад“, пишува весникот, објаснувајќи дека дефанзивец не е склон да ја преиспита својата одлука.

s ramos1

„Веќе не станува збор за пари. Серхио нема да го прости сомнежот во неговиот професионализам и самооткажување“, тврди „Марка“. Рамос е огорчен од односот на претседателот Флорентино Перез и верува дека треба да го напушти „Сантијаго Бернабеу“.

Првично расправиите помеѓу двете страни беа исклучиво финансиски. Централниот дефанзивец настојуваше за годишна плата од 10 милиони евра, а понудените беа „само“ седум. Месеци подоцна Рамос е огорчен од однесувањето на шефовите и инсистира да си оди.

Од Реал се категорични дека нема да го пуштат дефанзивецот освен ако не станува збор за рекорден трансфер. Тој и Реал Мадрид имаат договор за уште две години, а најверојатно следната дестинација на Шпанецот е изгледа Манчестер Јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП