Еден од најдобрите бекови во НБА лигата, Демијен Лилалрд, го продолжи договорот со Портланд на уште пет години. За продолжување на верноста Портланд го награди Лилард со рекорден договор кој е „тежок“ 125 милиони долари.

Лилард, кој во 2013-та година беше прогласен за најдобар дебитант во лигата, во наредните сезони треба да биде главен играч во тимот откако е се поизвесно заминувањето на Ламаркус Олдриџ.
Лилард минатата сезона во просек по натпревар бележеше по 21 поен и шест асистенции.