Првиот ден од јули во Националната кошаркарска асоцијација (НБА) започна со договор за 145 милиони долари.
Токму за толку ѕвездата на Њу Орлеанс Ентони Дејвис се согласи да остане во тимот во следните 5 години. До крајот на денот тимовите од лигата потрошија вкупно 1.4 милијарди долари, пишува „The Score“.
Склучени беа 26 договори секој во просек по 4,1 година. Просечната вредност на новите договори е 56,5 милиони долари. Вкупно 230 милиони долари од потрошените пари се од Кливленд, со што тимот ја постигна главната цел, а тоа беше да го направи среќен Леброн Џејмс. Финалистот од овогодинешната трка се очекува да потпише нови договори со Кевин Лав, Иман Шемперт и Тристан Томпсон.
Бруклин Нетс потрошија 110 милиони долари, за да потпишат со Брук Лопез (три години и 60 милиони долари) и Тадеј Јанг (четири години, 50 милиони долари).
Ѕвездата на Кливленд Леброн Џејмс пак се очекува да потпише едногодишен договор вреден 22 милиони долари. На овој начин тој се воздржа од потпишувањето на долгорочен договор, како главна причина за тоа е мегасделката за телевизиските права, која влегува во сила од следната година. Токму од тогаш договорите на кошаркарите се очекува да ги поминат сите рекордни и сегашните договори и ќе се со релативно ниски износи.