6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМилан го донесе Луиз Адријано

Милан го донесе Луиз Адријано

l adriano 001

Екипата на Милан го комплетираше напаѓачкиот тандем за новата сезона, откако по Карлос Бака на „Сан Сиро“ пристигна и Бразилецот Луиз Адријано.

Милан на Шахтјор за услугите на Бразилскиот напаѓач му плати осум милиони евра, а стрелецот на девет голови во Лигата на шампионите, во минатата сезона, потпишал петгодишен договор.

„Ова е важен ден за мојата кариера. го напуштам Шахтјор по осум години. Веруваа во мојот потенцијал, ми помогнаа да стекнам име во фудбалскиот свет. Му благодарам на претседателот Ринат Ахметов и на тренерот Мирчеа Луческу кој ми беше како татко. Дојдов во најголемиот тим на светот со нетрпение чекам да започнам со тренинзите“, рекол Адријано.

Откако го комплетираше тандемот напаѓачи, новиот тренер на Милан, Синиша Михајловиќ ќе се обиде да го засили тимот со квалитетен централен дефанзивец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП