10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛига Европа: Реми за Шкендија, пораз за Работнички

Лига Европа: Реми за Шкендија, пораз за Работнички

Liga-evroopa

Работнички загуби во Талин, а Шкендија ремизираше со Абердин во првите мечеви од првото квалификациско коло во Лига Европа.

Работнички, против естонскиот преставник Флора, како гостин загуби со минимален резултат 1:0. Единствениот гол на мечот го постигна Гусев по еден час игра.

Шкендија, како домаќин на „Филип Втори“, иако беше подобар тим и создаде повеќе шанси одигра само 1:1 со шкотски Абердин.

Мекгин, десет минути по влегувањето во игра го совлада Јовановски за 0:1, а конечните 1:1 ги постави Кировски пет минути подоцна. Напаѓачот на Шкендија непосредно пред постигнувањето на голот влезе во игра.

Реванш натпреварите во кои Работнички ќе биде домаќин, а Шкендија ќе гостува во Шкотска ќе се одиграат за една недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП