20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПораз на Вардар за крај на подготвките во Австрија

Пораз на Вардар за крај на подготвките во Австрија

vardar-fudball

Фудбалерите на Вардар со пораз ги завршија подготвките во Австрија. Вардар во 120 минути загуби од Динамо Загреб со 1:4. Овој меч беше последен за ‘црвено црните’ пред мечот со АПОЕЛ во квалификациите во Лигата на шампионите.

Натпреварот според договорот на тренерите на двата тима се играше два пати по 60 минути, со цел и Вардар и Динамо да испробаат повеќе играчи пред настапот во ЛШ.

Динамо стигна до предност по осум минути игра преку Судани, Блажевски израмни во 16.минута, а потоа играчите на хрватскиот шампион постигнаа уште три гола преку Фернандез во 50-та, Гојак во 90-та и Најдовски (авто гол) во 100-та минута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП