18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВимблдон: „Раста“ го елиминираше Надал

Вимблдон: „Раста“ го елиминираше Надал

_84020229_rafael_nadal_getty

Рафаел Надал во второто коло го заврши учеството на Вимблдон, откако со 3:1 во сетови загуби од Германецот Дастин Браун.

Браун познат под прекарот „Раста“, против десеттиот носиел на Вимбледон одигра совршен меч и славеше со 7:5, 3:6, 6:4, 6:4, за нешто повеќе од два часа игра.

Инаку Браун ја забележа втората победа, во вториот дуел со Надал, лани тој славеше на турнирот во Хале со 6:4, 6:1.

За разлика од Надал, вториот и третиот носител, Роџер Федерер и Енди Мари во три сета го минаа второто коло.

Федерер славеше над Сем Квери со 6:4, 6:2, 6:2, додека Мар го елиминираше Робин Хасе со 6:1, 6:1, 6:4.

Исто така второто коло ги минаа Бердих, Монфилс, Цонга, Андухар, Троицки, Сепи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП