10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМилан го потврди трансферот на Бака

Милан го потврди трансферот на Бака

Carlos-Bacca

Италијанскиот гигант Милан официјално потпиша договор со 28-годишниот напаѓач на Севиља, Карлос Бака.

Договорот на колумбискиот напаѓач е за следните пет сезони, а „росонерите“ ќе платат на неговиот поранешен клуб 30 милиони евра за трансферот.

Во наредните денови Бака ќе ги мине и лекарските прегледи, кои треба да ја потврдат валидноста на договорот.

Колумбиецот имаше одлична сезона во дресот на шпанскиот тим и постигна два од трите погодоци за својот тим во финалето на Лига Европа против Днипро, на кој Севиља победи со 3:2.

Бака заврши со седум гола во првенството, а вкупно постигна 28 во 55 натпревари во сите натпреварувања.

Напаѓачот ги инспирираше фановите на фудбалот со приказната за неговиот подем. Во почетокот на кариерата Бака работел како контролор во автобус и го одиграл својот прв професионален натпревар дури на 23-годишна возраст. Тоа сепак не го спречило да го реализира својот сон и денес веќе е еден од најуспешните колумбиски фудбалери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП