18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМарк Гасол ја испразни касата на Мемфис

Марк Гасол ја испразни касата на Мемфис

mark gasol 33

НБА тимот Мемфис Гризлис ја испразни клупската каса за да го задржат во своите редови шпанскиот центар, Марк Гасол. Еден од најдобрите центри во НБА лигата од Мемфис доби петгодишен договор вреден 108 милиони долари.

Помладиот од браќата Гасол комплетната НБА кариера ја минува во Мемфис, во кој стигна во 2008-ма година како 48-ми пик на драфтот избран од страна на ЛА Лејкерс.

Минатата сезона, Гасол во просек по натпревар бележел по 17,4 поени, 7,8 скокови и 1,6 блокади. Мемфис минатата сезона стигна до полуфиналето на Западната конференција, кога во шест натпревари беше елиминиран од Голден Стејт.

Шпанскиот репрезентативец двапати играл на Ол Стар натпреварот, а во 2013-та година беше избран за најдобар дефанзивец во лигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП