5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОForbes: Мејведер најплатен од славните личности

Forbes: Мејведер најплатен од славните личности

flojdce 33

Магазинот „Forbes“ ја објави листата на најплатените познати светски личности. Листата ја предводи американскиот боксер Флојд Мејведер кој за една година заработил 300 милиони долари.

Мејведер најголем дел од парите ги заработил од борбата со Мани Пакјао, која на 2-ри мај се одржа во Лас Вегас.

Токму противникот на Мејведер, Филипинецот Пакјао, е втор на листата со заработени 160 милиони долари.

Зад боксерите Мејведер и Пакјао, следна на листата е поп пејачката Кети Пери, која своето богатство го зголемила за 135 милиони долари.

Меѓу првите десет на листата на Forbes има уште еден спортист, тоа е Кристијано Роналдо, кој се наоѓа на 10-то место со заработени 79,5 милиони долари.

Листа на најплатените славни личности:

1. Флојд Мејведер (300 милиони долари)

2. Мани Пакјао (160)

3. Кети Пери (135)

4. One Direction (130)

5. Хауард Стерн (95)

6. Гарт Брукс (90)

7. Џејмс Патерсон (89)

8. Роберт Дауни Џуниор (80)

9. Тејлор Свифт (80)

10. Кристијано Роналдо (79,5).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП