Ламаркус Олдриџ, Кевин Лав, Џими Батлер, Пол Милсап, Брендон Најт, Омер Ашик го обележаа првиот ден од преодниот рок во НБА лигата. Во центарот на вниманието беа Кевин Лав и Ламаркус Олдриџ кој преговара со ЛА Лејкерс но не бил импресиониран од разговорите.
Крилниот ценатр Кевин Лав ќе остане во Кливленд, тој доби петгодишен договор за максимални 110 милиони долари. Кливленд го направи првиот чекор во задржувањето на одличниот трилинг на кошаркари Лав-Леброн-Ирвинг. Наскоро се очекува нов договор со Кливленд да потпише и центарот Тристан Томпсон, тој ќе добие 80 милиони долари, а прашање е само дали ќе потпише четири или петгодишен договор.
Центарот на Портланд, Ламаркус Олдриџ, преговарал со ЛА Лејкерс но не бил импресиониран од разговорите со челниците на клубот и со првата ѕвезда Коби Брајант.
Олдриџ најверојатно ќе се пресели во Сан Антонио, откако овој тим го испрати Тијаго Сплитер во Атланта. Исто така Сан Антонио ги задржа Кави Ленард и Дени Грин – Ленард за петгодишниот договор ќе добие 90 милиони долари, додека Грин потпиша четиригодишен договор вреден 45 милиони долари.
Максимален договор доби и најдобриот играч на Чикаго во минатата сезона Џими Батлер, тој потпиша петгодишен договор кој ‘тежи’ 95 милиони долари.
Богат договор доби и Горан Драгиќ од Мајами, 90 милиони за пет години, а американските медиуми пренесуваат дека на 9-ти јули тој ќе го потпише договорот.
За истиот период Брендон Најт од Феникс ќе добие 70 милиони долари, а 60 милиони долари ќе заработи Турчинот Омер Ашик во Њу Орлеанс, колку што ќе добие и Демар Керол во Торонто.
Првата ѕвезда на Атланта, Пол Милсап, ќе остане во тимот уште три години, а во тој период ќе инкасира 58 милиони долари. Искусниот Тајсон Чендлер од челниците на Феникс доби 52 милиони долари за четири годинишниот договор.
Легендата на НБА, Пол Пирс, кариерата ќе ја продолжи кај својот поранешен тренер Док Риверс во ЛА Клиперс. Пирс ќе потпише тригодишен договор вреден 10 милиони долари.
Францускиот центар Алекс Ажинса доби нов договор од Њу Орлеанс, истиот вреди 20 милиони долари за четири години. Во исто време Бостон договори соработка со Амир Џонсон (24 милиони за две години) и Јонас Јеребко (10 милиони за две сезони), додека Брендан Рајт за три годни ќе заработи 18 милиони долари во тимот на Мемфис.
Сакраменто ќе испрати Ник Стаускас, Карл Лендри и Џејсон Томпсон во Филаделфија и ослободи во селери капот 16 милиони долари. Сакраменто има 25 милиони долари за трошење и за тие пари раководстовот ќе се обиде да донесе квалитетен плејмејкер, во игра се Режон Рондо, Монта Елис и Весли Метјуз.