2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛига Европа: Работнички во Естонија, Шкендија против Абердин

Лига Европа: Работнички во Естонија, Шкендија против Абердин

evro liga 1

Работнички и Шкендија, денеска ќе ги одиграат првите натпревари од воведното квалификациско коло во Лига Европа. Работнички гостува во Естонија, кај Флора Талин, додека Шкендија ќе го пречека шкотски Абердин.

Флора Талин и Работнички својот дуел ќе го започнат во 18 часот на стадионот Лилекула чии капацитет изнесува 9.600 места.

„Романтичарите“ се фаворити во двомечот со тимот кој е деветкратен шампион и шесткратен освојувач на Купот на Естонија.

Шкендија ќе има многу потешка задача против шкотскиот преставник Абердин. Првиот дуел ќе се одигра во Скопје, на Националната арена „Филип Втори“ и ќе започне во 21:05 часот. Тетовскиот тим во мечот со Абердин посакува победа без примен гол.

Инаку Абердин најдобриот период во 114-годишната историја го имал со славниот Алекс Фергусон (1978-1986). Во овој период Абердин го освои Купот на победниците на куповите и европскиот Суперкуп, а исто така освоил три од четирите шампионски титули во Премиерлигата на Шкотска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП