19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФалкао во Челзи

Фалкао во Челзи

fal radamel

Колумбискиот репрезентативец Радамел Фалкао потпишал договор со Челзи и на својот нов клуб ќе му се приклучи на северноамериканската турнеја, пренесува лондонски „Guardian“.

Таткото и стрикото на Фалкао за весникот потврдиле дека договрот е потпишан, а се работи за едногодишна позајмица од Монако, со опција Челзи наредното лето во целост да го откупи договорот на колумбиецот.

Челзи во наредните денови треба да го потврди трансферот, а како што пренесува „Guardian“, Фалкао на „Стенфорд Бриџ“ треба да заработува околу 180.000 фунти неделно, додека Монако ќе добие четири милиони фунти.

Фалкао во текот на кариерата играл за Лансерос, Ривер Плејт, Порто, Атлетико Мадрид, Монако и Манчестер Јунајтед, за Колумбија настапил на 61 натпревар и постигнал 25 голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП