18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБлинд нов селектор на Холандија

Блинд нов селектор на Холандија

Danny-Blind_3217447

Фудбалската федерација на Холандија го именува Дени Блинд за нов селектор, откако пред два дена Гус Хидинк ја напушти функцијата.

Хидинк си замина поради лошите резултати во квалификациите за пласман на Европското првенство. Холандија во Групата А на четири кола до крајот се наоѓа на третото место со пет бодови помалку од лидерот во групата Исланд и три бода помалку од второпласираната Чешка.

„Блинд е избран за нов селектор, функцијата ќе започне да ја обавува од 1.август“, стои во соопштението од Фудбалската федерација на Холандија.

Инаку Блинд беше еден од помошниците на селекторот кој си замина, Гус Хидинк.

Наредниот меч во квалификациите Холандија ќе го одигра во септември, кога во Амстердам ќе го пречека Исланд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП