Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Асмир Беговиќ е нов играч на англсикиот шампион Челзи, пренесуваат островските медиуми.
Челзи го донесе Беговиќ како замена за Петр Чех кој од наредната сезона ќе го брани голот на Арсенал.
Според медиумите Челзи на поранешниот клуб на Беговиќ, Стоук Сити му платил сума од 11 милиони фунти.
Беговиќ (28), кој во кариерата бранел и во Портсмут, во Челзи ќе има годишна плата од 5,5 милиони евра.