8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРенова загуби од Дачија

Ренова загуби од Дачија

renova-dacia1

Фудбалерите на Ренова, како домаќини, загубија од молдавска Дачија со 0:1 во првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лига Европа.

Ренова со овој пораз ги намали шансите за пласман во наредната рунда, иако тренерот Османи смета дека двата тима сеуште имаат подеднакви шанси за пласман понатаму.

Единствениот гол на натпреварот во Скопје го постигна Рошча уште во 12.минута од натпреварот.

Реваншот во Молдавија ќе се одигра за седум дена.

В четврток своите први натпревари ќе ги одиграат и останатите македонски преставници во Лига Европа, Работнички ќе гостува во Естонија кај Флора Талин, а Шкендија ќе го пречека Абердин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП