3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМладите Швеѓани ја освоија европската титула

Младите Швеѓани ја освоија европската титула

_83962477_sweden

Фудбалската репрезентација на Шведска, играчи до 21 година, ја освоија титулата на Европското првенство кое во изминатите две недели се одржуваше во Чешка.

Шведска до својата прва титула стигна со победата на пенали од 4:3 над фаворизираната Португалија.

На мечот во Прага, двете репрезентации во 90 минути имаа неколку одлични можности за постигнување на гол, а Португалците во раната фаза на мечот ја погодија и гредата од шведскиот гол.

Во пенал рулетот, најпрвин шведскиот голман Карлгрен му го одбрани пеналот на Рикардо Есгај во третата серија, а веднаш потоа Португалецот Жорге Са го спречи Абдул калили да постигне гол.

Потоа двата тима постигнаа по еден гол, а потоа Вилијам Карваљо, еден од најбараните играчи во Европа, изведе лош пенал, односно му ја подари топката на шведскиот голман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП