17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРадоњиќ уште две години на кормилото на КК Црвена ѕвезда

Радоњиќ уште две години на кормилото на КК Црвена ѕвезда

radonjic

Тренерот на кошаркарите на Црвена ѕвезда, Дејан Радоњиќ, ќе остане во клубот уште две години, откако во вторникот го продолжи договорот.

Радоњиќ изминатата сезона ја предводеше Црвена ѕвезда до историски успех, успеа да освои три титули (АБА лига, првенство и Куп на Србија) и играше во Топ 16 фазата во Евролигата.

„Црвено-белите“ минатата сезона соборија неколку рекорди, а од 80 натпревари колку што одигра Црвена ѕвезда под водство на Радоњиќ, забележа 61 победа.

Од доаѓањето во „црвено-белиот“ табор пред две ипол години, црногорскиот стратег има забележано 123 победи, кои го сместија на четвртото место на вечната клупска листа на тренери со најмногу победи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП