16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМилијардер од Сингапур ги откупи имиџ-правата на Роналдо за Азија

Милијардер од Сингапур ги откупи имиџ-правата на Роналдо за Азија

lim ronaldo

Сигапурскиот милијардер Питер Лим, кој е сопственик на шпанскиот клуб Валенсија, се прошири и кон спортскиот маркетинг, откако ги купи имиџ-правата на Кристијано Роналдо за територијата на Азија.

Компанијата со седиште во Хонг Конг која ја поседува Лим, „Mint Media“, објави јавно за потпишување на шестгодишен договор со Кристијано Роналдо и изрази уверување дека договорот ќе помогне за развојот на брендот на португалскиот фудбалер во Азија.

Според договорот, „Mint Media“ ќе ги поседува и администрира сите имиџ-права на Роналдо со исклучок на оние поврзани со неговиот клуб, Реал Мадрид. Се уште не е објавено јавно по која цена компанијата се здобил со правата.

Роналдо, кој посветува сериозно внимание на маркетингот, беше определен од списанието „Форбс“ за третиот најдобро платен спортист во светот по боксерите Флојд Мејведер и Мани Пакиао.

„Роналдо не е само одличен фудбалер, тој е и многу популарна личност. Убеден сум дека неговиот бренд ќе продолжи да се зголемува“, изјави Лим во официјалното соопштение за договорот со играчот.

„Тој (Лим) е добар пријател и верувам дека ќе биде добар партнер и вреден додаток на мојот бренд“, коментира самиот Роналдо.

Роналдо е еден од најпопуларните луѓе на планетата, а на социјалните мрежи има милиони следбеници – на „Твитер“ бројката изнесува 36 милиони, а на „Фејсбук“ 103 милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП