23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХидинк повеќе не е селектор на Холандија

Хидинк повеќе не е селектор на Холандија

Guus-Hiddink0011

Гус Хидинк (68) ја напушти клупата на фудбалската репрезентација на Холандија откако го раскина договорот со Фудбалскиот сојуз на оваа земја.

Хидинк, пред почетокот на квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2016 година, го наследи на селекторската функција Луј ван Гал.

Во квалификациската Група А, Холандија се наоѓа на третото место со 10 бодови, пет помалку од лидерот Исланд и три помалку од Чешка. Пласман на ЕУРО 2016 година ќе изборат по две првопласирани селекции од секоја група, а третопласираните ќе играат бараж.

Од Фудбалскиот сојуз на Холандија не соопштија кој ќе биде наследникот на Хидинк.

Холандија наредниот квалификациски меч ќе го одигра на 3-ти септември кога во Амстердам ќе гостува Исланд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП