29 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Сините“ од Лондон влегуваат во трката за Погба!?

„Сините“ од Лондон влегуваат во трката за Погба!?

paul-pogba-56

Раководството на Челзи започна преговори со Јувентус за трансферот на полудефанзивецот Пол Погба, објави „Sport.es“.

За 22-годишниот Французин, „сините“ од Лондон ќе понудат сума од 50 милиони евра, а ќе го дадат во замена и халфот Оскар.

Според други извори, меѓутоа и Манчестер Сити ќе интервенира во битката за младиот фудбалер на „Старата Дама“.

Во последните денови се појавија голем број информации поврзани со евентуалниот трансфер на Пол Погба во Барселона. Кандидатот за претседател на каталонците, сепак ги негираше гласините дека веќе водел разговори со претставниците на Јувентус.

„Mundo Deportivo“ веќе соопшти дека од шпанскиот гигант подготвиле понуда во вредност од 80 милиони евра за францускиот репрезентативец. Предлогот ќе вклучува и 10 милиони во бонуси. Покрај тоа, каталонците ќе му дозволат на Погба да помине уште една година во Торино пред да се приклучи на Барселона во 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП