18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнтиќ пред потпис со Фенербахче

Антиќ пред потпис со Фенербахче

perica2

Поранешниот капитен на кошаркарската репрезентација на Македонија, Перо Антиќ, во наредните денови ќе потпише договор со екипата на Фенербахче.

Антиќ бил желба на тренерот Жељко Обрадовиќ, кој по елиминацијата во полуфиналето на Фајнал Фор турнирот во Евролигата, побара од челниците тимот да биде целосно реновиран.

Македонецот во Истанбул ќе пристигне како замена за Лука Жориќ, откако се стекна со статус на слободен агент во тимот на Атланта.

Според медиумите желбата на Антиќ е да работи со Обрадовиќ, но и фактот дека неговиот поранешен соиграч од Олимпијакос, Костас Слукас стана дел од Фенербахче, биле клучни за тој да се реши да ја прифати понудата на Фенербахче.

Перо Антиќ минатите две години ги мина во НБА лигата, во тимот на Атланта. Изминатата сезона тој со „јастребите“ играше во финалето на Истокот каде Атланта беше поразена од Кливленд.

Антиќ во кариерата има настапувано за Работнички, Лукоил Академик, Црвена звезда, АЕК, Локомотив Кубан, Санкт Петербург и Олимпијакос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП