17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВимблдон: Сигурни победи на Ѓоковиќ и Серена Вилијамс

Вимблдон: Сигурни победи на Ѓоковиќ и Серена Вилијамс

wimbledon111

Првиот носител на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, со победа ја започна одбраната на титулата. Сигурен настап во првото коло, но кај дамите, имаше најголемата фаворитка Серена Вилијамс.

Ѓоковиќ како бранител на трофејот според традицијата на Вимблдон, на Централниот терен го отвори 129-то издание на најпрестижниот турнир во светот на тенисот.

Српскиот тенисер, во својот прв меч по поразот од Вавринка на Ролан Гарос, не го играше својот најдобар тенис, но тоа не му беше пречка во три сета да слави над Германецот Филип Колшрајбер.

Ѓоковиќ, кој во второто коло ќе игра против победникот од дуелот Ниеминен – Хјуит, сите три сета ги доби со резултат 6:4 и во сите сетови брејк правеше во десеттиот гем.

Првото коло лесно го мина шампионот од УС Опен, Марин Чилиќ, кој е деветти носител. Чилиќ со 6:3, 6:2, 7:5 славеше над Јапонецот Хироки Морију.

Успешни во првата рунда, во машка конкуренција, беа и Доминик Тим, Давид Гофан, Марсел Гранољес, Ник Киријос,

Првата носителка и трикратна победничка на Вимблдон, Серена Вилијамс, во првото коло на теренот мина 82 минути и со 6:4, 6:1 славеше над малку позантата Русинка Маргарита Гаспарјан.

Далеку поубедлива од Серена беше седмата фаворитка Ана Ивановиќ, таа во два сета (6:1, 6:1) славеше над Кинеската Ји Фан Ксу.

Првото коло меѓу другите го минаа Азаренка, Флипкенс, Плишкова, Матек-Сандс и Младеновиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП