19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШвајни ќе остане во Баерн

Швајни ќе остане во Баерн

bastijan

Фудбалерот на минхенски Баерн, Бастијан Швајнштајгер, по сé изгледа ќе остане во овој клуб, иако се шпекулираше дека тој ќе се пресели во Манчестер Јунајтед.

Швајнштајгер е еден од најтрофејните германски фудбалери, во кариерата освоил осум титули во Бундеслигата, седум во Купот на Германија, една во Лигата на шампионите, а има и титула светски првак со Германија. Минатата сезона, поради честите повреди, тој одигра само 15 натпревари за Баерн.

„Навистина би сакал повотрно да ја освојам Лигата на шампионите, но и да бидам успешен како што бев во минатите години. Три години сме шампиони на Германија, мислам дека ниту еден тим не освоил четири титули во низа, тоа е голем мотив“, изјавил Швајнштајгер за германските медиуми.

„Кога ќе освоите ‘големи’ титули какви што Лигата на шампионите и Светското првенство, луѓето мислат дека сте завршиле со кариерата, но јас имам поинаков поглед. Добро се чувствувам и подготвен сум на врвно ниво да играм уште три години. Тоа е мојата цел“, дополнил Швајнштајгер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП