25 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЌе биде ли Скопје домаќин на Суперкупот 2017-та? УЕФА одлучува во вторник

Ќе биде ли Скопје домаќин на Суперкупот 2017-та? УЕФА одлучува во вторник

arena filip vtori

Во седиштето на УЕФА во Нион, во вторник ќе се одржи прес-конференција на која ќе биде објавено името на градот домаќин на европскиот Суперкуп во 2017-та година. Еден од градовите кои се наоѓаат во потесниот избор е и Скопје и Националната арена „Филип Втори“.

„Огромно е расположението во европските фудбалски кругови Скопје да биде организатор на овој настан во 2017-та година, но сепак треба да се почека до конечната потврда. Ако се потврдат нашите очекувања, тоа ќе биде историски ден за македонскиот фудбал, за Скопје и за Македонија, кои ќе бидат центар на светскиот фудбал“, изјавуваат од Фудбалската Федерација на Македонија.

Претходно, Извршниот комитет на УЕФА донесе одлука Супер купот во 2016-та година да се одржи на стадионот „Леркендал“ во Трондхејм, Норвешка, кој е со капацитет од 21.166 седишта. Интенцијата на УЕФА, преку доделувањето на организацијата на Супер купот на помалите земји во Европа, е дополнително да се даде импулс за развојот на фудбалската игра и во овие средини.

Суперкупот за 2015-та година ќе се одигра во Тбилиси, Грузија, а противници ќе бидат Барселона и Севилја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП