3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТебас: Реал го интересираат само пари и моќ

Тебас: Реал го интересираат само пари и моќ

RUEDA DE PRENSA TRAS ASAMBLEA GENERAL ORDINARIA Y EXTRAORDINARIA LFP

Претседателот на шпанските професионални лиги (LFP), Хавиер Тебас го кртикуваше Реал Мадрид, истакнувајќи дека ’кралскиот клуб’ единствено го интересираат моќта и парите.

Критиките Тебас ги упати откако стана јасно дека Реал е единствениот клуб кој не сакал да се договори за заедничките права на преносите на фудбалските натпревари.

Реал и Барселона како и секогаш, одвоено од останатите екипи од најсилната шпанска лига – Примера, преговарале околу телевизиските права на своите натпревари. Ова ќе се смени од сезоната 2016/2017, кога правата на клиентите ќе им бидат продавани во пакет. Челниците на LFP имаат намера системот на шпанските лиги да го доближат до системот кој го применува англиската Премиерлига и кој се покажа како исклучително успешен.

„Тоа е голем клуб кој верува дека е шампион во транспарентноста, но очигледно е дека има поинакви интереси од останатите екипи. Мислам дека Реал сака да ја задржи контролата врз телевизиските права. Не ми е јасно каква им е намерата, нив ги интересираат само парите и моќта. Нивниот договор со Мајкрософт и Телефоника е чуден и тоа им го кажав. Верувам дека потпишаа договор со Телефоника бидејќи неколку месеци претходно со оваа компанија сличен договор потпиша Барселона. Сите знаеме дека Реал мора да го има она што го има и Барселона и претпоставувам дека се потекнува токму од тоа“, рекол Тебас.

Реал минатата сезона не осовои ниту еден трофеј, додека Барселона ја освои тројната круна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП