17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОSky исто така подготвува понуда за Формула 1

Sky исто така подготвува понуда за Формула 1

formula sky

Сателитскиот оператор и телевизиска компанија „Sky“ ќе се обиде да даде конкурентска понуда за контролниот пакет акции од Формула 1, тврди весникот „Сандеј тајмс“.

Британската компанија се надева дека ќе може да предложи 7 милијарди долари и на тој начин да го совлада предлогот што го подготвува конзорциумот помеѓу сопственикот на „Мајами Долфинс“ и Катар.

Минатата недела „Фајненшл тајмс“ соопшти дека американскиот бизнисмен Стивен Рос се надева да го купи пакетот со поддршка на „Qatar Sports Investments“ од 35.5% од компанијата кој го поседува Формула 1. Но, според извори на „Сандеј тајмс“ од лондонскиот конзорциумот е само еден од неколкуте кандидати кои контактираа со инвестицискиот фонд „CVC Capital“.

Весникот тврди дека „Sky“ и „Liberty Global“ на американскиот милијарди Џон Мелоун исто воделе неформални разговори за купување на уделот. Канадскиот моден претприемач Лоренс Строу, кој ги изгради марките „Tommy Hilfiger“ и „Michael Kors“, исто така е поврзуван со понуда.

„CVC“ поседува 35.5% од Формула 1, но го контролира автомобилскиот шампионат поради присуството на акции со посебни права на глас.

Формула 1 се смета за еден од најзначајните спортски настани со глобално значење. „Sky“ пример ги разгледува правата за Формула 1 како важна предност, бидејќи „BT Sport“ интервенираше силно во фудбалските правата во Премиер лигата и европските натпреварувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП