Искусниот бек шутер, Пол Пирс, по една сезона реши да го напушти тимот на Вашингтон Визардс. Пирс (37) го раскинал договорот со Вашингтон и како слободен агент ќе очекува понуди од други екипи. Ветеранот наредната сезона требаше да заработи 5,5 милиони долари.
Сепак, иако реши да стане слобиден агент, постои опција Пирс да остане во Вашингтон, но само доколку не успеат преговорите со ЛА Клиперс, екипа која ја предводи неговиот поранешен тренер во Бостон, Док Риверс.
Пирс минатата сезона во регуларниот дел од сезоната во имал просечен учинок од 11,9 поени, четири скока и две асистенции по натпревар, додека во десет плејоф натпревари имал просечен учинок од 14,6 поени, 4,2 скока и една асистенција.