2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗатворени Европските игри во Баку

Затворени Европските игри во Баку

Logo_Tree

Во неделата во Баку завршија првите Европски игри, на кои Македонија настапи со 45 спортисти и освои два бронзени медали.

Медали на Македонија во Баку и донесоа каратистите Емил Павлов и Мартин Несторовски. Македонскиот тим се најде меѓу 42-те земји кои освоија медали на игрите. Во конечниот поредок Македонија го освои 38-то место.

Најуспешна нација на првите Европски игри беше Русија со 164 медали (79 златни, 40 сребрени, 45 бронзени медали). Второто место на листата му припадна на домаќинот Азербејџан (21 златна, 15 сребрени, 20 бронзени медали), а третото го освои Велика Британија (18 златни, 10 сребрени, 19 бронзени медали).

Од спортистите од регионот најмногу медали освои Србија (осум златни, четири сребрени, три бронзени медали) што во вкупниот пласман и го донесе 12-то место. Хрватска освои едно злато, четири сребра и шест бронзи (26 место), Словенија едно злато, едно сребро, три бронзи (30 место), Црна Гора и Косово освоија по една бронза и го поделија 40-то место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП