22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСрпските кошаркарки ја освоија европската титула

Српските кошаркарки ја освоија европската титула

srbija-kosharkarki

Кошаркарките на Србија се нови европски шампионки откако во финалниот меч, на континеталниот шампионат во Будимпешта, славеа над Франција со 76:68.

Покрај првиот златен медал во историјата на женската кошарка во Србија, кошаркарките обезбедија и директен пласман на Олимписките игри во Рио де Жанеиро наредната година.

Екипата која од клупата ја предводи Марина Маљковиќ, ќерка на легендарниот трнер Божидар Маљковиќ, до европската титула ја предводеа Ана Дабовиќ со 25 поени, Сања Петровиќ со 22 поени и Даниел Пејџ со 12 поени и осум скокови.

Бронзениот медал на европското првенство го освои Шпанија со победата над Белорусија од 74:58.

Ана Дабовиќ е прогласена за најкорисна кошаркарка на шампионатот, а покрај неа во идеалниот тим на првенството се најдоа уште нејзината колешка Сања Петровиќ, Шпанката Алба Торенс и репрезентативките на Франција Сандра Груда и Селин Думер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП