ПочетнаИНТЕРЕСНОМонтоја го засили Интер

Монтоја го засили Интер

Martin-Montoya-Barcelona.jpg.pagespeed.ce._EoKcfuyUJ

Фудбалерот на Барселона, Мартин Монтоја, кариерата ќе ја продолжи во Интер.

Наредните две сезони Монтоја ќе настапува како позајмен играч во Интер, а во новиот клуб ќе има годишна плата од 1,5 милиони евра.

Барселона како обештетување ќе добие 1,5 милиони евра, а доколку Интер сака да го откупи неговиот договор тогаш трансферот ќе изнесува шест милиони евра.

Монтоја (24) за првиот тим на Барселона од 2011 година има одиграно 43 натпревари.