25 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИБА официјално ја призна АБА лигата

ФИБА официјално ја призна АБА лигата

aba fiba

Бордот на Светската кошаркарска федерација (ФИБА), на состанокот во Будимпешта, едногласно ја призна реоганизираната АБА лига. Состанокот на владеачкото тело на ФИБА е одржан во главниот град на Унгарија, пред финалето на Европското првенство во женска конкуренција во кое ќе играат Франција и Србија.

ФИБА во март објави дека не ја признава АБА лигата поради тоа што правилата на регионалната лига не биле во согласност со правилникот на федерацијата.

Во меѓувреме, на состанокот во Белград пред нешто повеќе од еден месец, беше договорено сопственичката структура на АБА лигата 80 отсто да биде во рацете на клубовите, а 20 отсто во рацете на шест физички лица.

ФИБА веднаш реагираше на оваа одлука и се закани со супензија на националните сојузи на Македонија, Србија, Хрватска, БиХ, Црна Гора и Словенија доколку не биде постигнат договор лигата во целост да биде во сосптвеност на клубовите.

По низа на состаноци во регионото помеѓу националните сојузи, но и неколку предупредувачки писма од ФИБА, со заеднички напори конечно беше постигнат договор АБА лигата да биде во 100 отстотна сопственост на клубовите.

По корекцијата на документите ФИБА во петокот објави дека АБА лигата ги исполнила сите услови за признавање кое официјално уследи во неделата.

Ова значи дека клубовите од регионот и понатаму преку АБА лигата ќе бараат место во европските купови кои ги организира УЛЕБ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП