2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФешта во Бока Јуниорс, Тевез се врати дома

Фешта во Бока Јуниорс, Тевез се врати дома

tevez2

Аргентинскиот напаѓач Карлос Тевез по една деценија реши да се врати во татковината и кариерата да ја продолжи во Бока Јуниорс, во чии редови настапуваше во периодот од 2001-ва до 2004-та година.

Претседателот на Бока Јуниорс, Даниел Ангеличи, воодушевен од враќањето на Карлитос ја соопшти веста на социјалните мрежи.

„Ова е ден кој носи радост и задоволство. Враќањето на Тевез во извонреден момент во неговата кариера е одлична вест за навивачите на Бока и за аргентинскиот фудбал. Неговото присуство ќе му донесе дополнителен квалитет на тимот“.

Тевез минатата сезона имаше голем придонес во успешната сезона на Јувентус (29 голови во сите натпреварувања). „Старата дама“ со Тевез ја освои двојната круна во Италија и играше во финалето во Лигата на шампионите.

Иако имаше понуди и од други екипи (Ливерпул, ПСЖ, Атлетико Мадрид), тој реши да ја напушти Европа и да се врати во Аргентина.

Напаѓачот кој во мометов се наоѓа во Чиле со репрезентацијата на Аргентина, во кариерата има играно за Коринтијанс, Вест Хем и двата тима од Манчестер – Јунајтед и Сити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП