18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНатпревар по параглајдерство Гостивар Опен

Натпревар по параглајдерство Гостивар Опен

paraglajderi 03

Денеска на полетиштето за параглајдери Корито (над Чегране, до патот кон с. Корито) ќе се одржи четвртиот натпревар во параглајдерство во Гостивар, Гостивар Опен.

За време на дводневниот натпревар Гостивар Опен, 50 пилоти од Балканот ќе ги покажат своите способностите за прецизно слетување. За време на натпреварот посетителите ќе имаат прилика да летаат со тандем параглајдер по намалени цени.

Настанот е спонзориран од Општина Гостивар и Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кој е кофинансиран од Владата на Швајцарија. Проектот неодамна го опреми полетиштето Корито со метеролошка станица, опрема за инспекција на параглајдери, патокази и инфо-табли.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП