18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИБА ќе ја признае АБА лигата

ФИБА ќе ја признае АБА лигата

aba fiba

Челниците на Светската кошаркарска федерација (ФИБА), во петокот, по писмен пат потврдиле дека во текот на викдендот ќе ја признаат регионалната АБА лига.

Писмото кое го потпишале генералниот секретар на ФИБА Патрик Бауман и директорот на ФИБА Европа Камил Новак, било адресирано на националните сојузи на Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Словенија.

Во писмото стои дека „се исполнети сите поставени задачи“ и дека АБА лигата ќе биде официјално признаена в недела во Будимпешта.

На крајот од писмото челниците на ФИБА им се заблагодаруваат на националните сојузи и клубовите на напорот кој го вложиле за решавање на кризата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП