18 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЖРК Вардар во Групата Ц во ЛШ

ЖРК Вардар во Групата Ц во ЛШ

zrk-vardarrrrrr

Ракометарките на Вардар ги дознаа имињата на тимовите против кои ќе ја стартуваат новата сезона во Лигата на шампионките.

Вардарки, кои две сезони по ред го освојуваат третото место, новата сезона ќе ја започнат во Групата Ц во која уште се и Митјиланд, Хипо и победникот од квалификацискиот турнир на кој ќе играат Раднички Крагуевац, Ѓер, Гласверкет и Далфсен.

Група А: Ларвик, Крим, Ростов Дон, победник од квалификацискиот турнир 2
Група Б: Ференцварош, Турингер, Подравка, Флери
Група Ц: Митјиланд, Вардар, Хипо, победник од квалификацискиот турнир 1
Група Д: Будуќност, Букурешт, Савехоф, Лублин

Пласман во втората фаза ќе изборат најдобрите три тима од секоја група.

Фазата по групи во Лигата на шампионките ќе стартува на 16-ти октомври, додека втората фаза ќе започне на 8-ми јануари 2016 година, четвртфиналето е од 1-ви април, а фајналфор-турнирот е на 7-ми и на 8-ми мај во Будимпешта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП