23 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоси на пол позицијата во Асен

Роси на пол позицијата во Асен

rosi 330

Деветкратниот светски првак Валентино Роси ќе стартува од пол позицијата на трката за Големата награда на Холандија, која се вози на патеката во Асен. Возачот на Јамаха до 61-та пол позиција во кариерата стигна со време од 1:32.627 минути.

Веднаш до популарниот „Доктор“, трката од првиот ред ќе ја започнат Алеш Еспаргаро на Сузуки и актуелниот шампион Марк Маркез на Репсол Хонда.

Квалификациите во Асен донесоа неизвесна борба за пол позицијата, што најдобро го отсликува податокот дека разликата меѓу Роси и десеттопласираниот Андреа Довициозо на Дукати изнесува помалку од половина секунда.

Вториот стартен ред го комплетираа Дани Педроса (Репсол Хонда), Пол Еспаргаро (Јамаха Тех 3) и Андреа Јаноне (Дукати).

Победникот на последните четири трки во Мото ГП шампионатот, Хорхе Лоренцо (Јамаха), трката ќе ја започне од седмата позиција.

Трката за Големата награда на Холандија, осма во шампионатот, ќе се вози в сабота со почеток во 14 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП