28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШукер поврзан со обложувачката мафија

Шукер поврзан со обложувачката мафија

Image6666

Претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз, Давор Шукер, во минатото наводно бил поврзан со обложувачката мафија, тврди германската државна телевизија (ARD).

Германците тврдат дека поседуваат документи кои се поврзани со истрагата на државното обвинителство во Бохум, кои покажуваат дека Шукер уплаќал облози за Анте Шапина, за кого е докажано дека местел натпревари.

ARD во текстот под наслов „Темна сенка над Шукер“, пишува дека прославениот напаѓач, за Шапина уплатил облози на најмалку три натпревари – два во Лига Европа и еден во Лигата на шампионите. Исто така во текстот се наведува дека Шапина како противуслуга на Шукер му советувал да се обложи на натпреварот Широки Бријег-Банантс во Лига Европа.

Наводно, Шукер и Шапина, кој поради местење на натпревари е осуден на пет ипол години затвор, контактирале преку телефон и СМС пораки.

Шукер покрај тоа што е прв човек на Хрватскиот фудбалски сојуз е и член на Извршниот одбор на УЕФА, поради што и Транспаренси интернешнал побара да биде спроведена истрага.

УЕФА по повод овие наводи веднаш реагираше со соопштение во кое се вели демантира дека Шукер бил сведок или обвинет во истрагата на државното обвинителство во Бохум.

Од друга страна Хрватскиот фудбалски сојуз не ги коментира обвинувањата, иако е познато дека пред пет години Шукер бил поврзуван со обложувачката мафија. Тој тогаш бил означен како доушник и обложувач.

Една година подоцна „Дојче веле“, објави дека во обвинението против Шапина се споменува и името на еден член на златната генерација на хрватскиот фудбал. Медиумите веднаш со таа приказна го поврзаа Шукер, кој вети дека веднаш ќе ја напушти функцијата доколку се докаже дека имач било каква врска со луѓето кои местат натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП