12 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОБлатер тврди дека нема поднесено оставка

Блатер тврди дека нема поднесено оставка

blater 0330

Долгогодишниот претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Јосеф Сеп Блатер, тврди дека не поднел оставка на функцијата, туку дека истата ќе ја понуди на вонредниот конгрес.

„Немам поднесено оставка, туку мандатот ќе го понудам на вонредниот конгрес“, изјавил Блатер за швајцарскиот весник „Блик“, дополнувајќи дека ќе остане на функцијата за додека не биде избран нов претседател.

Кон крајот на минатиот месец, Блатер на редовниот конгрес на ФИФА беше реизбран на функцијата. Инаку конгресот се одржа само неколку денови по избивањето на корупцискиот скандал, на кој му претходеше апсење на седуммина високи функционери на ФИФА во Цирих.

Претседателот на ФИФА четири дена по конгресот на кој петти пат беше избран за прв човек на ФИФА најави дека ќе поднесе оставка на функцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП