16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСреќата го посака Ѓоковиќ, отворен му е патот до финалето на Вимблдон

Среќата го посака Ѓоковиќ, отворен му е патот до финалето на Вимблдон

vim nole

Новак Ѓоковиќ одбраната на титулата на најпрестижниот турнир во светот на тенисот – Вимблдон, ќе ја започне против Германецот Филип Колшрајбер.

Жрепката која денеска се одржа во „Сеанглискиот клуб“ му беше наклонета на српскиот тенисер, бидејќи успеа да ги избегне Надал и Мареј на патот до евентуалното финале.

Првиот посериозен ривал Ѓоковиќ би требало да го има во четвртфиналето, каде проектиран противник му е Јапонецот Кеи Нишикори. На иста страна од „костурот“ се наоѓа и Стен Вавринка, од кого Ѓоковиќ загуби во финалето на Ролан Гарос.

Многу потежок пат до евентуалното финале ќе има вториот фаворит, седумкратниот победник на Вимблдон, Роџер Федерер, во неговата половина од „костурот“ се наоѓаат Рафа Надал, кој е 10-ти носител и Енди Мареј со кого дуел е можен во четвртфиналето.

Доколку фаворитите ја оправдаат таа улога, проектирани двојки во четвртфиналето се: Ѓоковиќ-Нишикори, Вавринка-Раониќ, Мареј-Ферер и Федерер-Бердих.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП