6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃорѓевиќ ја прифатил понудата на Панатинаикос

Ѓорѓевиќ ја прифатил понудата на Панатинаикос

sale 00

Селекторот на Србија, Александар Ѓорѓевиќ (47) ќе биде новиот тренер на кошаркарите на Панатинаикос, јавија грчките медиуми. Според истите извори Ѓорѓевиќ кој изминатите денови се наоѓа во Атина наскоро ќе ја има официјалната промоција како нов шеф на стручниот штаб на трофејниот клуб.

Инаку, Ѓорѓевиќ паралелно ќе ги извршува двете функции, односно ќе ја предводи Србија на Европското првенство, а потоа ќе седне на клупата на Панатинаикос.

Тренерот кој минатата година со Србија го освои второто место на Светското првенство, со националниот сојуз има договор до крајот на Евробаскетот, со опција тој да биде продолжен доколку Србите изборат пласман на Олимписките игри или на предквалификациите за пласман на ОИ во Рио.

Ѓорѓевиќ по завршувањето на кариерата работеше во Италија, во Милано, во сезоната 2006/2007 и во Бенетон во сезоната 2011/2012. За услугите на овој тренер беа заинтересирани и финалистите во Евролигата, Реал и Олимпијакос.

На клупата на Панатинаикос Ѓорѓевиќ ќе го наследи Душко Ивановиќ, кој во мај доби отказ па сезоната со атинските „зелени“ ја заврши неговиот помошник Сотирос Манолопулос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП