18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал ги одби 50-те милиони евра на Јунајтед за Рамос!

Реал ги одби 50-те милиони евра на Јунајтед за Рамос!

Sergio-Ramos-Hot-11

Раководството на Манчестер Јунајтед вчера го испрати првиот официјален предлог кон Реал Мадрид за Серхио Рамос, пишува шпанскиот весник „АС“, како и британскиот „Дејли Меил“.

Понудата била во вредност од 50 милиони евра (35 милиони фунти) и била одбиена моментално. Флорентино Перез го проценил својот втор капитен на 90 милиони евра.

Според податоците на „АС“, „црвените ѓаволи“ се подготвени да стигнат до 70 милиони евра за да го имаат во својот состав шпанскиот репрезентативец. Според информациите дефанзивецот сака да ја реши својата иднина до 13-ти јули, кога би требало да започнат летните подготовки со „кралевите“.

Како што наведува „АС“, трансферната операција за Рамос нема да има ништо заедничко со онаа за Давид де Геа. Шпанскиот голман сака трансфер на „Сантијаго Бернабеу“, но од „Олд Трафорд“ имаат голема желба да го задржат голманот.

Односите меѓу Серхио и Флорентино не се најдобри поради разликите за нов договор на играчот. Дефанзивецот се чувствува потценет и излажан, откако пред само една година претседателот му ветил солиден договор како благодарност за неговиот придонес за тимот.

Раководството на Јунајтед пак му нуди личен договор на дефанзивецот со годишна плата од 11 милиони евра. Предлогот на Реал Мадрид е во вредност од седум милиони по сезона.

Досега најскапиот трансфер на дефанзивец во историјата е на Давид Луис од Челзи во ПСЖ за 49 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП