3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРегионалните сојузи одржаа средба, одложена расправата за заедничката фудбалска лига

Регионалните сојузи одржаа средба, одложена расправата за заедничката фудбалска лига

ссс

Фудбалскиот сојуз на Хрватска беше домаќин на вториот состанок на регионалните фудбалски асоцијации. Во Опатија, ХНС им беше домаќин на фудбалските сојузи на Македонија, Србија, Словенија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Главната тема на овој состанок беше заштита и безбедност на фудбалски натпревари, што секако е најголемиот проблем за сите учесници на овој настан. На истиот се зборуваше и за актуелната состојба на ниво на ФИФА и УЕФА, регионалното натреварување, новата улога на медијатор во преговорите меѓу клубовите и играчите во трансферите и вработувањето, како и социјалниот дијалог меѓу здружението, клубовите и играчите.

Претставниците на здружението изразија силна загриженост за безбедносната ситуација на нивните стадиони. Тие за вакавата ситуација го известија и шефот за безбедност на УЕФА, Марк Тимер.

Сите учесници беа единствени во ставот дека без интегрирано и ефикасно дејстување на државните инситуции ова прашање фудбалските организации нема да можат да го решат самите. Без тоа нема да може да им се овозможи на фудбалерите, нивните организации, како и најголемиот дел од навивачите да ја следат играта без:вербално насилство, пиротехника и без инциденти.

Се смета дека УЕФА ќе продолжи континуирано да ги поттикнува државните органи во еден интегриран приод за овој сериозен проблем, затоа што доколку се одложува решавањето на овие проблеми, националните тимови и клубови би можеле да имаат далекусежни последици.

Учесниците на средбата разменија информации за статусот на професионалните фудбалери, по што беше донесен заклучок дека националното законодавство треба да ги земе предвид спецификите и разликите во нивниот работен статус, вклучувајќи и финансиски бенефиции.

Во однос на посредниците, констатирано е дека нивниот статус и активности треба да се регулира на единствен начин, во рамките на прописите на ФИФА.

Органзирањето на Регионалното натпреварување ќе биде една од темите на претстојниот состанок на претседателите, генералните секретари и членките на УЕФА кој ќе се одржи во септември оваа година. Домаќин ќе биде Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина во Сараево. Настанот ќе се одржи во ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП