
Јане Атанасов (15) од Академијата Пандев од јануари наредната година ќе се пресели во Интер, потврди Горан Пандев во интервју за ТВ Вис.


Јане Атанасов (15) од Академијата Пандев од јануари наредната година ќе се пресели во Интер, потврди Горан Пандев во интервју за ТВ Вис.
„Ова е најголема сaтисфакција за нашата академија. Пред сé, сон среќен за детето бидејќи ќе оди во Италија, во Интер кој е голем бренд во европскиот фудбал. Во прв ред таму ќе има можност да напредува, ќе стекне поинакво мислење за фудбалот и секако дека ова ќе биде голем поттик за другите деца да тргнат по неговиот пат“, вели Пандев.
Правната процедура околу трансферот на Атанасов ќе биде завршена по 31-ви октомври кога тој ќе наполни 16 години, а член на Интер ќе стане од 1-ви јануари 2016 година.