18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДаглас Коста во Баерн за 35 млн евра

Даглас Коста во Баерн за 35 млн евра

daglas-kosta

Минхенски Баерн е блиску до комплетирање на трансферот на крилниот напаѓач на Шахтјор, Бразилецот Даглас Коста. Како што пренесуваат светските медиуми трансферот е вреден 35 милиони евра.

Коста (24), кој во моментов се наоѓа во Чиле каде ги брани боите на Бразил на Копа Америка, во Шахтјор пристигна пред пет години од Гремио и се наметна како еден од најважните играчи во тимот.

За Шахтјор тој запишал преку 150 настапи и постигнал 33 голови, додека за Бразил има одиграно девет натпревари.

Покрај Баерн, интерес за Бразилецот покажуваа Барселона, Челзи, Манчестер Јунајтед, Милан и Монако.

Времето ќе покаже дали доаѓањето на Коста во Минхен ќе значи и дефинитивен крај на кариерата на Франк Рибери, која самиот фудбалер ја најави пред неколку денови, поради хроничната повреда на скочниот зглоб.

Во меѓувреме Шахтјор го напушти уште еден Бразилец, Луис Адријано, кој стана нов играч на Ал Ахли.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП